Претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва (29 јули) ќе се изведе во Новиот театар Абелијано во Бари.
Гостувањето, како што вели Културниот центар Интерарт, е на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, која ја избра македонската продукција да ја отвори меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот центар“.
Премиерата на претставата беше во рамките на Скопје танцова платформа на Танц фест Скопје 2026. Авторскиот проект, инспириран од „Чекајќи го Годо“ на Самуел Бекет, ги истражува темите на времето, чекањето и неизвесноста, а во него играат Лука Ѓорѓиевски и Данило Скалинчи.