Архитектурата може да флертува со природата на експресивен, но дискретен начин. Идејата е да се постигне хармонија, а не таа да доминира со околината. Ова може да биде голем предизвик за некои пејзажи.
Ова се некои од најдобрите примери кога архитектурата ја совладува тешката околина за да создаде нешто исклучително.
Нова Скотија, Канада
Ова е инвентивна и разиграна интервенција во пејзажот. Поставена на челична структура, коцката не е поделена на нивоа, туку целиот простор е една голема област за живеење.
Нисеко, Јапонија
Архитектите создале бетонска структура во облик на буквата Л за да ја поврзат куќата со ридот. Двете коцки стојат една врз друга оставајќи впечаток дека можат да пролизгаат во секој момент.
Аликанте, Шпанија
Сместена на многу стрмен терен, тридимензионалниот изглед на оваа бетонска куќа се карактеризира со геометриска, линеарна чистота.
Шјиунинг, Кина
Единаесет метри високата куќа се наоѓа среде шума и со употребените материјали целосно се вклопува во неа.
Алгарв, Португалија
Вилата „Ескарпа“ изгледа како да лебди над пејзажот, што е нагласено со терасата на покривот.
Квебек, Канада
Сместена на планина, огромните предни прозорци нудат панорамски поглед на околната шума.
Гренада, Шпанија
Дизајнот е посвета на славниот шпански архитект Антонио Гауди. Изградена на рид со стрмнина од 42 степени, нејзините искривен облик и нерамна површина ѝ даваат изглед на змеј.