35 ГОДИНИ ЈА ЧЕКАВ ПАМЕЛА, ВЕЛИ НОВИОТ СОПРУГ НА ИКОНАТА НА „ПЛЕЈБОЈ“

Малибу, (АП)

Поранешната „Плејбој“ девојка и актерка Памела Андерсон се омажи за филмскиот продуцент Џон Питерс на приватна церемонија во Малибу, Калифорнија, објави нејзиниот портпарол.

Педесет и двегодишната Андерсон и 74-годишниот Питерс биле во врска пред 30 години, а ова им е петти брак и на двајцата. Ѕвездата на ТВ-серијата „Чувари на плажата“ беше мажена за рокерот Томи Ли, раперот Кид Рок и двапати за Род Саломон. Меѓу славните партнерки на филмскиот магнат е Барбра Стрејсенд.

Питерс и Андерсон на премиерата на „Бетмен“ во 1989

Питерс беше продуцент на „Ѕвезда е родена“ со Стрејсенд од 1976, како и на римејкот од 2018 година, а работел и на „Флешденс“, „Бетмен“ и „Вештерките од Иствуд“.

„Насекаде има убави девојки. Можев да изберам која било, но 35 години ја сакам само Памела. Таа прави да се чувстувам лудо и диво на убав начин“, изјави Питерс за „Холивуд рипортер“.