ФЕСТИВАЛОТ БРНИНГ МЕН ГО ОБЈАВИ ДИЗАЈНОТ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ХРАМ ЗА 2020

Лас Вегас, (Дезин)

Американскиот архитект Ренцо Вербек и уметницата Силвија Адриен Лисе дизајнираа осмокрака структура која ќе служи како храм на годинашното издание на фестивалот Брнинг мен.

Наречен Емпиријан, павилјонот ќе биде централна градба во привремениот град Блек Рок Сити во пустината во Невада и ќе биде запален на последниот ден од фестивалот, заедно со „човекот“.

Вербек и Лисе, која има искуство во правењето уметнички инсталации со големи димензии, победија на конкурсот за дизајн на годинашниот храм, што го именуваа според регион кој се наоѓа надвор од физичкото подрачје.

„Во древна космологија, Емпиријан е царство на чиста светлина за кое се верува дека е родното место на огнот“, појасни тимот.

Структурата ќе се состои од осум аголни павилјони кои ќе бидат аранжирани во форма на ѕвезда.

Брнинг мен оваа година ќе се одржи од 30 август до 7 септември.