Австралиско-британскиот женски гудачки квартет „Бонд“ на 20 март ќе има концерт во Филхармонијата. Концертот го организира „Авалон продукција“, од каде велат дека „Бонд“ важи за најпродаван гудачки квартет на сите времиња.
„Црпат инспирација од класичните, латино, фолк, џез, рок, електро, индиските и блискоисточните стилови. Квартетот, нарекуван уште и ‘Спајс грлс на класичната музика’, има продадено пет милиони албуми низ целиот свет, има 56 платинести и 15 златни тиражи на своите изданија. Има настапувано низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија“, соопшти „Авалон“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 7 февруари по цени од 1.990 и 2.990 денари.