ВЕСТЕРОС ЈА ИМА НАЈВИСОКАТА ДРВЕНА ЗГРАДА ВО ШВЕДСКА

Стокхолм, (Дезин)

Архитектонското студио „ЦФ Мелер“ ја отвори дрвената зграда Кајстаден во градот Вестерос, највисока од овој тип во Шведска.

Зградата е изградена целосно од дрво и зацврстена со завртки, што значи дека, по потреба, некои делови можат да се извадат и повторно да се искористат. Архитектите се одлучија за дрво бидејќи е еколошки одржливо, може да се рециклира и остава значително помалку јаглеродни траги во околината од други градежни материјали, како бетон. Истражувањата покажуваат дека дрвените згради го подобрувааат психичкото здравје на станарите.

(Фото: Н. Јакобсен)

Зградата има осум спратови и на секој спрат по четири станови, кои се така позиционирани да гледаат кон пристаништето и максимално да ја користат дневната светлина.