Тилда Свинтон уште еднаш би можела да ја обнови соработката со корејскиот режисер Бонг Јон-хо. Таа се најавува како една од главните актерки во ТВ-адаптацијата на филмот „Паразит“, кој неодамна се закити со четири оскари.
Британската оскаровка досега има снимено два филма со Бонг: „Snowpiercer“ (2013) и „Окја“ (2017).
На адаптацијата на Ејч-Би-О работат самиот Бонг и уште еден оскаровец, Адам Мекеј, кој е во улога на извршен продуцент. Бонг вели дека минисеријата ќе овозможи подлабоко да се навлезе во ликовите и дејството од филмот.
Ејч-Би-О најави дека ќе прави минисерија според филмот уште пред тој да триумфира на Оскарите. Таа ќе има шест епизоди.