АНА ИВАНОВИЌ КОНЕЧНО ПОТВРДИ ДЕКА Е ТРУДНА

Лондон, (Дејли мејл)

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, конечно, потврдија дека чекаат прво дете.

Тие ја објавија радосната вест на социјалните мрежи, постирајќи симпатична фотографија од три чифта патики, вклучувајќи и едни бебешки.

„Мало продолжување на нашето семејство! Не можеме да бидеме посреќни“, напиша поранешната тенисерка на сликата.

Триесетгодишната српска убавица и поранешниот германски фудбалски репрезентативец се венчаа лани во Венеција, што беше опишано како спортска свадба на годината.

„Очекуваме нов член во семејството и многу сме благодарни“, изјави 33-годишниот Швајнштајгер, чиј последен клуб беше американскиот прволигаш Чикаго фаер.

Оваа вест, сепак, не доаѓа како големо изненадување, имајќи предвид дека германските медиуми уште минатиот месец пишуваа дека Ивановиќ е во четврти месец од бременоста.