„Стела“, првиот македонски детски филм, ќе има премиера на 23 март, од кога ќе почне да се прикажува во киното Синеплекс.
Во главната улога е 13-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби. Тој го игра десетгодишниот Никола, кој по обидот за самоубиство поради чести малтретирања на училиште се зближува со шарпланинката Стела, која му ја враќа вербата во живот.
Режисерот Стефан Вујичиќ почна да го снима филмот во јуни минатата година, најавувајќи го како прв македонски долгометражен семеен филм за деца.
Родителите на Никола ги играат Дејан Лилиќ и српската актерка Христина Поповиќ, која двапати освои Златна арена на Филмскиот фестивал во Пула, а во кастингот се и Тони Михајловски и Симеон Дамески.
Филмот е правен по сценарио на Ева Камчевска, а продуцент е Огнен Антов.