ФАНОВИТЕ НА „ТУЛ“ БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА КОРОНАВИРУСОТ НА КОНЦЕРТ ВО НОВ ЗЕЛАНД

Окленд, (Би-Би-Си)

Фановите на американскиот рок бенд „Тул“ кои биле на концертот во Окленд минатиот викенд се предупредени дека можеби биле изложени на коронавирусот.

Ова уследи откако маж во 30-ти години кој бил на концертот во „Спарк арена“ беше потврден како четврти позитивен случај во Нов Зеланд.

„Тој бил во делот за стоење. Ризикот од зараза е мал, но бидете свесни за симптомите“, изјавија официјални здравствени власти.

Заразениот маж неодамна се вратил од северна Италија и од средата е во домашна изолација. Претходно, и неговата девојка имала позитивен тест.

Грижите околу КОВИД-19 ја погодија целата забавна индустрија, па, меѓу другото, премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд беше одложена за ноември и откажано е доделувањето на индиските Оскари. Голем број музичари откажаа концерти во Азија.