ФОРМУЛА 1 ТИМОТ НА МЕРЦЕДЕС СОЗДАДЕ УРЕД ЗА ДИШЕЊЕ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19

Лондон, (Би-Би-Си)

Уред за дишење што може да им помогне на заболените од КОВИД-19 е создаден за само една недела.

Во негова изработка учествувале инженерите на Универзитетскиот колеџ во Лондон и на Формула 1 тимот на Мерцедес и тој доставува кислород во белите дробови без да има потреба од респиратор, па пациентот не мора да лежи на интензивна нега. Уредот Continuous Positive Airway Pressure (CPAP) веќе почнал да се користи во некои болници во Велика Британија, Кина и Италија, но засега го нема во големи количества.

Четириесетина од новите уреди се доставени на болници во Лондон и доколку тестирањето биде успешно, „Мерцедес-АМГ-ХПП“ вели дека е подготвен да произведува до 1.000 вакви машини на ден, почнувајќи за една недела.

Здравствените власти на Британија веќе имаат дадено зелено светло за уредот.