УШТЕ 46 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА, ВКУПНО 663 ДОСЕГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бројот на заразени со коронавирусот во Македонија порасна на 663, откако денеска беа потврдени нови 46 случаи.

Повеќе од половина од нив се во Куманово (13) и Скопје (12), па следуваат Прилеп и Велес со по осум, Струга со два и Тетово, Кочани и Пробиштип со по еден. Од 19-те градови во кои што досега е регистриран коронавирус, мнозинството заразени се во Скопје (273) и Куманово (143), а 37 пациенти сега имаат негативен тест.

Во Македонија досега има 30 починати од КОВИД-19. Дополнително, министерот за здравство Венко Филипче денеска извести за случај на починат притвореник во затворот во Шутка кој немал симптоми на коронавирус, но посмртно направениот тест бил позитивен.