Македонија ја помина границата од 50 починати од КОВИД-19 и 1.200 заразени, неполни два месеца откако беше регистриран прв случај на коронавирус.
- Шеесет и шестгодишен пациент од Скопје и 83-годишник од Штип се последните две жртви на коронавирусот во земјата.
- Вкупната бројка починати сега изнесува 51.
- Во последните 24 часа има и 37 нови случаи на коронавирус: Куманово девет, Скопје и Охрид по осум, Прилеп пет, Тетово и Велес по три и еден во Кочани.
- Во Македонија досега има 1.207 позитивни теста на коронавирус.
- Излекувани се уште 15 пациенти, а вкупно 179.
- На светско ниво досега има над 2,3 милиони заразени и над 162.000 починати.