Еден од најплатените холивудски актери Мет Дејмон ги воодушевил локалните жители откако со семејството се ставил во изолација во мал ирски град, каде што бил принуден да остане поради пандемијата на коронавирусот.
Дејмон, чие богатство се проценува на 160 милиони долари, бил во Ирска поради снимањето на новиот филм на Ридли Скот „Последниот дуел“, кога државите почнаа да се затвораат и беа воведени забрани за патување. Тоа го натерало Дејмон да се засолни во крајбрежниот ресорт Далки, богато предградие на Даблин, заедно со сопругата и четирите деца.
Пред Ирска да прогласи карантин на 27 март, локалните жители имаа можност да го сретнат Дејмон во градот и споделуваа заеднички фотографии на социјални мрежи.
Далкин е област која изобилува со убави куќи и, според ирските медиуми, семејството Дејмон престојува во една од најдобрите. Станува збор за куќа изградена од поранешниот возач на Формула 1 Еди Ирвајн, чија вредност се проценува на осум милиони евра. Изнајмувањето чини 7.000 евра неделно.