ГЕРМАНСКИ ГРАД ОРГАНИЗИРАШЕ ТЕХНО ЗАБАВА НА КОЈА ЛУЃЕТО СЕ ЖУРКАА ВО СВОИТЕ АВТОМОБИЛИ

Берлин, (Јуроњуз)

И покрај строгите препораки за социјално дистанцирање кои моментално се на сила во Германија, град во близина на холандската граница викендов организираше техно забава на која што присуствуваа стотици луѓе. Сепак, сите правила беа испочитувани, а безбедноста на присутните не беше загрозена, бидејќи тие се журкаа во своите автомобили.

Околу 250 автомобили се собраа на паркингот на клубот „Индекс“ во Шиторф, каде што диџеите три часа им пуштаа музика на присутните, на кои не им беше дозволено да излезат надвор. Исто така, во еден автомобил смееше да има најмногу двајца луѓе.

Во Данска се одржа концерт на кој присутните седеа во своите автомобили

Настанот го организираше Холгер Бош, сопственикот на еден од најголемите техно клубови во Германија, кој кажа дека коронавирусот моментално им го запрел бизнисот.

„Позитивно сум изненаден од тоа колку дисциплинирани беа сите на настанот. Имаше опипливо чувство на заедништво, иако луѓето беа физички разделени“, изјави Бош.

Минатата недела, во Данска се одржа концерт на кој 500-те присутни седеа во своите автомобили.