Холивудските ѕвезди Хоакин Феникс и Руни Мара го чекаат првото дете, потврди за американските медиуми извор близок до двојката.
Тие речиси исчезнаа од јавноста по завршувањето на сезоната на филмските награди, во текот на која Феникс освои Оскар и Златен глобус за „Џокер“, и кризата со коронавирусот ја поминуваат главно во својот дом во Лос Анџелес. Мара и Феникс засега ја немаат потврдено веста, исто како и нивни претставници.
Тие се запознаа во 2013 година на снимањето на филмот „Таа“, но врската ја почнале дури пет години подоцна, откако повторно се обединија на сетот на „Марија Магдалена“. Во јули 2019 направија свршувачка.
Иако речиси никогаш јавно не зборуваат за својата врска, Феникс во интервјуа често истакнува колку многу ѝ се восхитува на Мара.