Чесите пијат најмногу пиво по глава на жител на светот и од денеска повторно можат да уживаат во него без ограничувања.
Откако пред две недели беа отворени терасите и градините на пабовите, баровите и рестораните, пиво од денеска ќе може да се служи и во затворено и најголемата чешка пиварница одлучи да го искористи тоа за малку реклама.
Секој гостин кој ќе нарача точено пиво „пилснер урквел“ ќе добие уште едно бесплатно, објавија чешките медиуми.
„Решивме да го одбележиме овој момент со најголемиот настан во историјата на пиварницата. Сакаме да ги повикаме сите љубители на пивото на една голема забава“, соопштија од „Пилснер урквел“.