КРИСТЕН СТЈУАРТ ЌЕ ЈА ГЛУМИ ЛЕДИ ДИ ВО НОВ ФИЛМ

Лондон, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на серијалот „Самрак“, Кристен Стјуарт, ќе ја глуми принцезата Дијана во нов филм за нејзината разделба од принцот Чарлс.

Филмот ќе се случува во почетокот на 1990-ите, а сценариото го пишува Стивен Најт, авторот на хит серијата „Пики блајндерс“.

„Кристен Стјуарт е една од најдобрите актерки на денешнината. Ова е приказна за идентитетот, за тоа како една жена решава да не биде кралица. Таа е жена која низ филмот сфаќа дека повторно сака да биде жената која беше пред да го запознае принцот Чарлс“, изјави режисерот Пабло Лараин.

Дијана Спенсер се ожени со Чарлс во 1981, се разделија во 1992 и се разведоа во 1996 година.