НАСА објави дека нејзиното седиште во Вашингтон ќе го носи името на нејзината прва црномуреста инженерка Мери Џексон. Администраторот на НАСА Џим Брајденстин кажа дека Џексон помогнала да се урнат бариерите за Афроамериканците и жените во инженерството и технологијата.
Приказната за Мери Џексон (1921-2005) е раскажана во филмот „Скриени фигури“ од 2016 година, каде што ја играше Џанел Моунеј. Таа почнала да работи во НАСА во 1958 година.
„Тие веќе не се скриени. Ние ќе продолжиме да го признаваме придонесот на жените, Афроамериканците и на сите други луѓе во успешната историја на НАСА. Мери Џексон беше дел од група многу важни жени кои помогнаа да се испратат американски астронаути во вселената“, изјави Брајденстин.
НАСА во 1940-ите почнала да регрутира високообразовани Афроамериканки како „човечки компјутери“, но тие долго време трпеле расна и родова дискриминација.