Бившиот шеф на Формула 1 Берни Еклстоун и неговата сопруга Фабијана Флоси објавија дека добиле син. Портпаролот на 89-годишниот милијардер кажа дека детето ќе се вика Ејс.
Тоа е прв син за Еклстоун откако во претходните бракови му се родија ќерките Тамара, Петра и Дебора.
Еклстоун, кој во октомври ќе наполни 90 години, се венчаше со 45 години помладата Флоси во 2012. Неговата највозрасна ќерка има 65 години, додека во бракот со бившиот хрватски модел Славица Радиќ ги доби Тамара (36 години) и Петра (31).
Најавувајќи во април дека чека дете со Флоси, Еклстоун зборуваше за тоа како е да се стане татко на таа возраст.
„Не гледам никаква разлика дали е на 89 или 29 години. Ги имате истите проблеми, така што, во ред“, кажа Еклстоун, кој исто така има пет внуци и еден правнук.