Словенија го произведе првиот целосно електричен авион кој доби сертификат од европската Агенција за безбедност во авиосообраќајот, што значи дека ги исполнува сите безбедносни стандарди и може да се користи за комерцијални цели.
„Велис електро“ на компанијата „Пипистрел“ е мал двосед, наменет за обука на пилоти. Може да лета околу 50 минути, што е типично за школска употреба.
„Почнавме да летаме на електричен погон во 2007 година и изградивме осум други авиони пред ‘велис електро‘. Сертифициран авион значи дека тој може да се користи за комерцијални цели без ограничувања и ова е голем чекор напред за авијацијата воопшто“, изјави Тине Томажич, директорот за развој и истражувања во „Пипистрел“.
Таа планира да испорача 31 ваков авион во седум држави во текот на оваа година.