Џависија Лесли ќе биде првата црномуреста Бетвуман, заменувајќи ја Руби Роуз во оваа улога.
Триесет и тригодишната Лесли ќе ја игра Рајан Вајлдер, нов лик опишан како „симпатичен, нескротлив и по малку несмасен“, додека првата сезона од серијата ги следеше авантурите на Кејт Кејн, врз која оригинално се базира ликот на Бетвуман. Роуз неочекувано ја напушти серијата во мај, набргу по завршувањето на првата сезона. Место да најдат нова актерка за Кејт Кејн, продуцентите решија да продолжат со сосема нов лик.
„Многу сум горда што ќе бидам првата црномуреста актерка во легендарната улога на Бетвуман. Како бисексуалка, почестена сум што ѝ се придружувам на серијата која беше промотор на ЛГБТИ заедницата“, изјави Лесли.