Руби Роуз за првпат беше покажана во костимот на суперхероината Бетвуман, откако почна снимањето на новата, истоимена серија. Австралиската актерка ќе се појави во оваа улога и во актуелните серии „Флеш“, „Ероу“ и „Супергрл“, пред да добие своја сопствена серија.

„Многу сум возбудена што ќе ја играм двојната улога на Бетвуман и на нејзиното алтер его Кејт Кејн“, изјави Роуз.

Бетвуман е првата геј суперхероина, па изборот на Роуз за оваа улога беше критикуван на социјалните мрежи.

Костимот за серијата е дизајниран од четирикратната оскаровка Колин Етвуд.

Овој лик на Ди Си комикс досега се има појавено само во два анимирани филма, како и во две неофицијални продукции во 60-ите години.