Најсветлата комета во последните седум години овие денови поминува покрај Земјата и може да се види со голо око во раните утрински часови и на небото над Македонија.
Официјално именувана Ц/2020 Ф3 или Неовајс, таа е третата комета откриена оваа година и првпат била снимена од рускиот космонаут Иван Вагнер на 27 март, кој ја видел од Меѓународната вселенска станица.
Кометата ќе дојде најблиску до Земјата на 23 јули, кога сѐ уште ќе биде оддалечена 103 милиони километри. Иако е 400 пати помала од Месечината, таа не мора да се набљудува со телескоп или двоглед благодарение на својот голем сјај, што ја прави еден од ретките вселенски феномени во овој век. Научниците тврдат дека кометата е долга пет километри.
„Кометата ќе може да се види од Земјата во текот на јули. Нејзиното јадро е обложено со честички кои настанале во нашиот Сончев систем пред 4,6 милијарди години“, соопшти НАСА.