Во ерата на социјално дистанцирање, кината на отворено се забавен начин да се гледа филм на големото платно. Кино со автомобили е веќе проверен концепт, но Париз ќе ги замени автомобилите со бродови во своето ново пловечко кино.

„Париз плаж“, годишен настан кој креира привремени плажи на реката Сена, ќе го организира првото кино на вода, при што посетителите ќе можат да гледаат филм од 38 електрични бротчиња.

Тие ќе можат да примат од четири до шест луѓе и тоа групи пријатели или членови на исто семејство. Покрај бротчињата, ќе има и 150 седишта на кејот на Сена. Билетите се бесплатни, но ќе треба да се резервираат.