ДАНСКА Е СВЕТСКИ ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ, МАКЕДОНИЈА НА САМО 3%

Скопје, (Ембер)

Глобалното производство на електрична енергија од ветерни и соларни електрани достигна нов рекорд во минатата година. Според анализата на независната организација „Ембер“, на нив отпаѓа 8,2% од светското производство на електрична енергија, додека во 2013 година ова изнесувало само 3,4%.

Европска Унија добива 18% од својата струја од обновливи извори, додека и Кина, Индија и САД се над глобалниот просек од 8%.

Данска е лидер во оваа категорија, добивајќи повеќе од половина од својата електрична енергија од ветерот и сонцето (55%), па следуваат Ирска со 31%, Германија со 29% и Португалија со 27%. Во Македонија, според „Ембер“, обновливите извори учествуваат во производството на струја со само 3%.

На останатите континенти предничат Уругвај (38%), Мавританија (24%), Хондурас (18%), Мароко (17%) и Австралија (15%).