ПЕСНА НА КОРЕЈСКИОТ БЕНД „БТС“ ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ЈУТЈУБ СО НАД 100 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА 24 ЧАСА

Сеул, (Би-Би-Си)

„Динамит“, последниот сингл на корејскиот бој бенд „БТС“, го урна рекордот на Јутјуб откако спотот бил прегледан 101,1 милион пати во првите 24 часа од објавувањето.

И досегашниот рекорд го држеше корејска група, „Блекпинк“, чиј спот имал 86,3 милиони прегледи за 24 часа во јуни годинава.

„Динамит“ е првата песна во историјата на Јутјуб со 100 милиони прегледи во еден ден. Целосно отпеана на англиски јазик, таа в петок може да стане и прва песна на корејски бенд која стигнала до врвот на британската топ-листа.