Финците денеска прославуваат 100 години од постоењето на својата држава.
Формирана по Руската револуција, Финска на 6 декември 1917 стана држава со сопствени идентитет, јазик, кујна, традиции и култура.
Што е толку уникатно со Финска?
1. 187.888 езера
„Мојата омилена работа во врска со Финска се нејзините многубројни езера. Сакам како тие се менуваат во текот на година, нудејќи неверојатно смирувачки и инспиративни сцени. Исто така, нема ништо подобро од излегување од жешка сауна и скокање директно во студена вода“, вели фотографот Џејсон Тиликаинен.
2. Кутии за бебиња
Се појавија во 30-ите години од минатиот век и во почетокот биле наменети за најсиромашните семејства.
Денес, секое финско семејство добива бесплатна кутија, која содржи 50-ина работи за бебиња, како облека и средства за хигиена. Таа е дизајнирана така што може да служи и како безбедно креветче.
„Финските бебиња спијат надвор дури и зимно време. Ако е добро облечено и покриено, може без проблеми да спие и на -20 степени“, вели Лена Карпинен, стручњак за маркетинг.
3. Дедо Мраз, санки и дабри
Некои велат дека вистинскиот дом на Дедо Мраз е Лапонија во Финска.
Пештерата во којашто живее е наречена Сантапарк и се наоѓа во Рованиеми. Тоа е тематски божиќен парк 50 километри под арктичкиот круг.
4. 70 дена светлина
Во зима, нема многу сончева светлина во Финска, а во некои делови од земјата сонцето не се крева над хоризонтот 52 дена.
Во лето, во некои области сонцето не заоѓа 70 дена.
5. Кафе
Финците се сметаат за светски рекордери во пиење кафе по глава на жител.
„Чудно е како толку многу пиеме кафе, а таа не се одгледува во овој дел од светот. Ако некој ви дојде на гости, мора да го послужите со кафе“, вели новинарот Нило Симојоки.