ДАНСКА ГО ОТВОРИ ПРВИОТ МУЗЕЈ НА СРЕЌАТА НА СВЕТОТ

Копенхаген, (Лонли планет)

Дали можете да направите разлика помеѓу искрена и изнудена насмевка? Која е вистинската дефиниција на среќата?

Ова се некои од прашањата со кои посетителите се среќаваат во новоотворениот Музеј на среќата во Копенхаген, кој подлабоко навлегува во она што ни прави да се чувствуваме убаво.

Сместен во подрумот на зграда од 18. век во Стариот град, Музејот на среќата е проект на Меик Викинг, автор на неколку светски бестселери и на Институот за истражување на среќата. Музејот прикажува како среќата е вклучена во сите аспекти од нашиот живот и има осум простории во кои темата се истражува од различни перспективи.

Ние се надеваме дека посетителите ќе излезат од музејот малку помудри, посреќни и помотивирани да го направат светот подобро место“, вели Викинг.

Интерактивниот музеј раскажува за географијата, науката и историјата на среќата, а има и посебен дел посветен на смеењето, каде што се анализира лицето на Мона Лиза.

Данска постојано се истакнува како една од најсреќните земји на светот, па таа беше очигледен дом за еден ваков музеј“, додаде Викинг.