Алек Болдвин и сопругата Хиларија го добија петтото дете и убавата вест следува откако таа откри дека за краток период имала два спонтани абортуса.
„Добивме ново машко бебе. Ви го претставуваме Едуардо Пау Лукас. Неговото име значи богат чувар на мирот и светлината. Тој е совршен и не можеме да бидеме посреќни“, напиша Хиларија Болдвин на Инстаграм.
Алек и Хиларија се венчаа во 2012 година и сега се родители на една ќерка и четворица синови. Алек Болдвин има и 24-годишна ќерка од бракот со актерката Ким Бејзингер.
Порано оваа година, Хиларија откри дека лани во април изгубила женско бебе кога била во четвртиот месец на бременост, што уследило само седум месеци по претходниот спонтан абортус.