Новиот албум на пејачката и авторка Биба Додева, „Незаборавни“, ќе биде промовиран в понеделник во 19:30 часот во хотелот „Александар Палас“. Албумот е составен од преработки на 11 македонски евергрини и од две бонус песни од последните два фестивала на кои што настапила.
„Имавме тешка задача заедно со мојот пријател и колега Владимир Дојчиновски да ги одбереме песните од 1962 до 2002, од таа огромна македонска музичка ризница. Тоа се песни кои оставиле белег на една младост, една љубов, во едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик, но и голема одговорност да ги преработиме и да оставиме свој печат“, вели Додева.
На проектот се работело повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот.