АКТЕРКАТА АМАНДА САЈФРЕД РОДИ СИН ПО ТАЈНА БРЕМЕНОСТ

Лос Анџелес, (Дејли мејл)
Amanda Seyfried and Thomas Sadoski pose for photographers upon arrival at the premiere of the film 'Mamma Mia! Here We Go Again', in London, Monday, July 16, 2018. (Photo by Vianney Le Caer/Invision/AP)

Американската актерка Аманда Сајфред објави дека родила син, нејзино второ дете во бракот со актерот Томас Садоски. Тие цело време во голема тајност ја чувале втората бременост на Сајфред.

По примерот на Кејти Пери и Орландо Блум, двојката ја објави среќната вест на социјалните мрежи преку профилите на две хуманитарни организации кои обезбедуваат заштита и грижа на децата во услови на војна.

Од раѓањето на нашата ќерка пред три години, водечката сила во нашите животи стана посветеноста кон невини деца кои се брутално погодени од воени конфликти“, изјави двојката.

Ѕвездата на „Мама миа“ и Садоски се венчаа во март 2017 година, кратко време пред таа да се породи со нивното прво дете, ќеркичката Нина.