„ЛАЈБАХ“ ОДБЕЛЕЖУВА 40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО КОНЦЕРТ НА ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По 30 години „Архангел“, уште едно звучно музичко име од регионот ќе прослави голем јубилеј на претстојното, 22. издание на фестивалот Таксират.

По две години пауза, култната и контроверзна словенечка група „Лајбах“ се враќа во Скопје, каде што на 29 октомври ќе одбележи четири децении постоење. Концертот под мотото „Љубовта е сѐ уште жива“ ќе се одржи во А1 арената „Борис Трајковски“.

Согласно новите протоколи, и овој концерт ќе може да се проследи само со седење, а бројот на билети е ограничен.