Шеснаесетгодишна девојка ја презеде функцијата фински премиер на еден ден по повод Меѓународниот ден на девојчиња на Обединетите нации, со цел да ја крене свеста за еднаквост на половите.
Ава Мурто од малото село Вакси во јужна Финска привремено ја замени премиерката Сана Марин за да ги нагласи ефектите на технологијата врз еднаквост на половите, што е тема на годинашниот настан, кажаа од финската влада.
„Недоволниот пристап на девојчињата до технологијата е значаен глобален проблем на еднаквоста што треба да се земе сериозно. И девојчињата имаат дигитална иднина“, изјави Мурто.
Во текот на својот работен ден, таа се сретна со членовите на кабинетот и со пратеници. Со 34-годишната премиерка Марин, еден од најмладите лидери на светот, разговараше како да се зголеми можноста на девојчињата да ја користат и развиваат технологијата.
„Имав возбудлив ден. Научив нови работи за законодавството“, им кажа Мурто на медиумите.
Финска редовно котира во врвот кога се во прашање правата на жените. Марин е на чело на коалиција на пет партии кои сите се предводени од жени.