Потребни се десет минути за да го поминете ако сакате попат да уживате во панорамскиот поглед на водопадот, клисурата и брзата река што поминува под вашите нозе.
„516 Арука“ е најдолгиот висечки пешачки мост на светот, што неодамна се отвори во Португалија, а името го должи на својата должина од 516 метри и на геопаркот во кој што се наоѓа, оддалечен еден час јужно од Порто.
Мостот направен во тибетски стил го држат челични кабли и е кренат 176 метри над реката Павија. Металната патека е широка еден метар.
Дизајниран од португалското студио „Итеконс“, мостот се градеше три години, до јули 2020.