„НОКИА“ ЌЕ ИНСТАЛИРА 4Г МРЕЖА НА ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЧИНАТА

Вашингтон, (Гардијан)

Финската компанија „Нокиа“ објави дека постигнала договор со НАСА за инсталирање на безжична 4Г мрежа на површината на Месечината, како дел од американските планови за воспоставување долготрајно човечко присуство на Месечината до 2030 година.

Договорот вреден 14,1 милион долари е дел од програмата „Артемис“, во рамките на која НАСА ќе испрати маж и жена на Месечината во 2024 година. Астронаутите ќе почнат да спроведуваат детаљни експерименти и истражувања, кои би требало да помогнат да се развие тамошната прва постојана база.

„4Г мрежата ќе се инсталира од далечина со помош на посебно возило на крајот на 2022 година. Таа самата ќе се конфигурира по поставувањето“, соопшти „Нокиа“.

Опремата ќе може да се надгради во супербрза 5Г мрежа во иднина.