РЕТКО ЗЕЛЕНО КУЧЕНЦЕ РОДЕНО ВО ИТАЛИЈА

Рим, (Би-Би-Си)

Ретко зелено кученце се роди на италијанскиот остров Сардинија, на огромно изненадување на фармерот Кристијан Малочи. Кученцето веднаш го добило името Пистачио (Ф‘стак).

Останатите четири браќа и сестри на Пистачио имаат бело крзно, исто како и нивната мајка. Зелено крзно кај кучињата е многу ретко. Се верува дека се должи на тоа што кученцето дошло во контакт со зелен пигмент наречен биливердин додека било во утробата на мајката.

Сепак, Пистачио нема да ја задржи зелената боја, туку таа полека ќе почне да бледнее, сѐ додека и тој не стане целосно бел.

Малочи кажа дека ќе ги подари сите кученца освен Пистачио, кој ќе му помогне во чувањето на овците на фармата.

„Зелена е боја на надеж и среќа, нешто што на сите ни треба во 2020“, кажа Малочи.