Едицијата книги за деца „Стела и Сани“ излезе деновиве од издавачкиот центар „Три“, под брендот „Паблишер“.
„Тоа се ликови создадени да им бидат најдобри другарчиња на децата од најрана возраст, со кои ќе можат да споделуваат идеи и приказни, да учат букви и многу нови нешта за светот“, вели издавачот.
Двете нови сликовници „Сани и Стела и еден чорап во боја бела“ и „Во овој балон нема место за еден слон“ се полни со бои и едукативно-интерактивни теми. Авторка на двете сликовници е Бистра Георгиева, а илустрациите се на Катерина Николовска. Книгите можат да се најдат во сите книжарници и во продажната мрежа на „Три“.