ФРАНЦУСКИ УМЕТНИК ДАВА ЖИВОТ НА ЗГРАДИ СО ХИПЕРРЕАЛИСТИЧНИ МУРАЛИ НА ПЕПЕРУТКИ

Париз, (Лонли планет)

Ако налетате на огромна пеперутка насликана на ѕид од зграда, големи се шансите дека станува збор за дело на Мантра.

Овој француски уметник и натуралист, чие вистинско име е Јури Кансел, отсекогаш бил фасциниран од ентомологија, поконкретно од пеперутки и молци.

Мантра пред своето дело во Канкун, Мексико

„Пораснав во град, но мојата детска имагинација наоѓаше засолниште во градини, реки и шуми и пеперутките секогаш беа дел од тие места“, вели Мантра.

Овој интерес го пресликал во огромни уметнички дела – мурали кои може да се пронајдат на фасади на згради низ цел свет, и напуштени и модерни. Живописните пеперутки на Мантра изгледаат крајно реалистично благодарение на неговата техника на сликање која се граничи со оптичка илузија.

Лас Вегас

Триесет и тригодишниот Мантра е самоук уметник кој прво почнал да слика на напуштени фабрички згради од неговиот регион. Тој денес преку своите дела испраќа порака за еколошка свест и предупредува на исчезнување на биодиверзитетот.

Торино
Сарагоса
Бруклин