НИКОЛ КИДМАН, ДУА ЛИПА И ЗЕНДАЈА НА РЕВИЈАТА НА „ЛУЈ ВИТОН“ ВО ЛУВР

Париз, (АП)

Никол Кидман, Дуа Липа и Зендаја беа меѓу бројните светски ѕвезди кои ги следеа ревиите на завршницата на Париската модна недела, каде што модните куќи „Шанел“ и „Луј Витон“ ги претставија своите колекции за пролет/лето 2027.

Кидман и Липа беа во првиот ред на ревијата на „Шанел“, заедно со Педро Паскал и Алекса Деми. Кидман на ревијата дојде со ќерка ѝ Фејт Маргарет, а нејзини снимени читања од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф беа дел од презентацијата.

Зендаја (Фото: АП)

Дизајнерот Матје Блази ја претстави колекцијата пролет/лето 2027 на „Шанел“, во која класичниот твид доби полесна и поопуштена форма.

Париската модна недела ја затвори „Луј Витон“ со ревија во Лувр со футуристичка сценографија со концепт-автомобили поставени над пистата. Меѓу гостите беше Зендаја, амбасадорка на модната куќа, а ревијата ја следеа и Ема Стоун, Сурша Ронан, Лиса, Софи Тарнер и Катрин Денев.

Креативниот директор Никола Гескиер овојпат понуди помеки и полесни силуети, со лелеави фустани, кратки јакни, кардигани и проѕирни детали, задржувајќи го футуристичкиот изглед по кој е препознатлив.