12 ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ НА ОНЛАЈН ИЗДАНИЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ НА ТРКАЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дванаесет европски филмови се прикажуваат на 7. Фестивал на тркала, кој годинава се одржува онлајн. Филмовите ќе бидат достапни до 19 ноември на платформата Cinesquare.net.

„Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава, давајќи им на децата и на возрасните причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија“, вели продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“.

Годинава со проширен концепт, фестивалот има четири програми:

Фокус играни филмови:
1. Сонот на Катрина
2. Море од жито
3. Насмевка
4. Гулабот
5. Бракот

Фокус документарни филмови:
1. Каде си Жоао Жилберто?
2. Крис Швајцарецот

Фокус на режисерката Клер Симон:
1. Приемен испит
2. Младешка самотија

Фокус детски филмови:
1. Кариран нинџа
2. Хакер
3. Улица на надежта