Следниот Бетмен ќе биде црн маж наречен Тим Фокс, објави „Ди-Си комикс“.
Автор на новата серија е Џо Ридли, сценаристот на „12 години роб“ и во неа, Бетмен ќе биде отуѓениот син на Лашс Фокс, бизнис менаџерот на Брус Вејн. Дејството е сместено во Готам Сити во иднината, кога градот го контролира злосторнички Магистрат, при што сите маскирани одмаздници се забранети, а Бетмен е убиен. Во таква ситуација, се појавува Фокс како нов Бетмен за да го спаси градот.
Фокс како лик првпат се појави во стрип во 1979 година. Во најновата приказна за Бетмен, неговиот татко Лашс ги презел богатството и технологијата на Брус Вејн. Фокс ќе дебитира како Бетмен во јануарскиот стрип „Future State: The Next Batman“, а во февруари ќе добие и нов партнер.
Серијата е дел од двомесечен настан наречен „DC Future State“, во кој нови ликови стануваат познати суперхерои.