Сезоната на поларната светлина во северната хемисфера (аурора бореалис) трае од септември до април, додека јужната светлина или аурора аустралис го прикажува своето шоу во јужната хемисфера од март до септември. Таа е една од најспектакуларните природни појави на Земјата, но ја има и на други планети.
Сајтот „Capture the Atlas“ направи селекција од најдобрите фотографии на поларната светлина оваа година, а се направени во Норвешка, Финска, Исланд, Русија, Канада, Австралија, како и на Антарктик.