ЈАНА ЈАКИМОВСКА СО НЕБЕСНИ ПЕЈЗАЖИ СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19 часот, во галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Небо“ на уметницата Јана Јакимовска. Ќе бидат претставени 20 небесни пејзажи во техниката акрил на платно, работени во последните три години.

„Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои може да се окарактеризираат како небесни пејзажи, бидејќи две третини од композициската целост е посветена на небесните предели“, вели историчарката на уметност Ана Франговска.

Јакимовска е вонредна професорка на Ликовната академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Досега има реализирано 17 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време е активна со мурално сликарство.