ШВАЈЦАРИЈА ЈА ИЗГРАДИ НАЈСТРМНАТА ЖИЧНИЦА НА СВЕТОТ

Цирих, (Гардијан)

Швајцарските инженерство и технологија достигнаа нови височини со отворањето на најстрмната жичница на светот.

Проектот вреден 44,6 милиони евра беше опишан како триумф на модерниот инженерски дизајн. Жичницата се наоѓа во алпскиот зимски центар Штос во централна Швајцарија, на надморска височина од 1.300 метри.

Функцијата за приспособување на нивото ќе ѝ овозможи на жичницата да остане во хоризонтална позиција додека забрзува по планината десет метри во секунда. Патеката е долга 1.720 метри и патниците цело време ќе можат да стојат, без разлика дали таа се качува или спушта, што е долго 743 метри, под агол од 47,7 степени.

Таа и официјално ќе биде пуштена во употреба в недела од швајцарската претседателка Дорис Лојтхард.

„По 14 години планирање и изградба, сите сме многу горди на овој воз, кој ќе го замени досегашниот, што беше во функција од 1933 година. Дизајнерите анализираа 15 различни опции пред да ги изберат конечните маршрута и технологија“, кажа портпаролот на железницата, Иван Штајнер.