Излегувањето на новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ е одложено уште еднаш поради пандемијата на коронавирусот. Новиот датум на премиерата е 8 октомври, беше објавено на сајтот на филмот.
Ова е трето одложување на премиерата на филмот, кој оригинално требаше да излезе уште во април минатата година. Неговото излегување потоа беше поместувано во ноември 2020, па во април 2021, а новата одлука беше донесена откако стана јасно дека кината на пролет сѐ уште нема да бидат масовно отворени.
Фановите чекаат нов филм за Џејмс Бонд уште од „Спектра“ од 2015 година, со што ова е една од најдолгите паузи меѓу два филма.