Големите пирамиди во Гиза се една од најпрепознатливите и најпосетувани туристички атракции во светот. Античките египетски фараони ги граделе за да траат вечно и да претставуваат симбол на нивната величественост. Денес, 4.500 години подоцна, тие добиваат освежување.
Се реновира најпопуларното место во Египет кое изобилува со античко наследство, со цел да стане подостапно за туриститe. Платото на кое се сместени познатата Сфинга и три пирамиди, вклучувајќи ја Големата пирамида во Кеопс ќе добие нов изглед. Амбициозниот проект од 17 милиони евра вклучува изградба на нов дневен центар за посетители, електрични автобуси и ресторан на површина од 1.341 квадратен метар.
Лаунџ барот „9 пирамиди“ беше отворен кон крајот на октомври и е дизајниран да имитира традиционален бедуински камп во пустина. Единствен начин да се стигне до локацијата е со електрични автобуси и колички за голф со цел да се редуцира загадувањето на околината.
Планот за реновирање на античкото место беше изготвен уште пред 15 години, но беше ставен во мирување во 2011 по револуцијата против режимот на Хосни Мубарак. Туристичката индустрија одново заживеа по 2017 година и Египет лани го посетија 13,6 милиони туристи.