По 14-годишна реставрација, која чинеше речиси 6,6 милиони долари, Каиро ја отвори за посетители Џосеровата пирамида, најголемата пирамида некогаш изградена.

Скалестата пирамида, која е под заштита на УНЕСКО, е изградена пред 4.700 години, за време на владеењето на фараонот Џосер, еден од кралевите од Третата династија во антички Египет.

Фото: Ројтерс

После децении двоумење поради ризикот од уривање, египетската влада го почна амбициозниот проект во 2006. Реставрацијата запре во 2011 по бунтот кој го симна од власт долгогодишниот претседател Хосни Мубарак, но продолжи во 2013.

Фото: Ројтерс

Пирамидата е дизајнирана од Имхотеп, кој важи за прв архитект во историјата. Висока е 60 метри, содржи гробница која е 28 метри длабока и седум метри широка и се наоѓа во Сахара, западно од Каиро. Реставраторите работеле и на гробницата на Џосер.

„Иако сме многу горди што ова е египетско наследство, знаеме многу добро дека е и светско наследство и сакаме така и да го зачуваме“, изјави премиерот Мустафа Мадболу на отворањето на пирамидата.