Хари и Меган не случајно го избрале вчерашниот ден за да објават дека го чекаат второто дете.
Точно 37 години порано на Денот на вљубените, Бакингамската палата и официјално потврди дека принцезата Дијана е бремена по вторпат, а на 15 септември 1984 се роди Хари, кој во тој момент беше трет во редот за наследство на тронот.
Британските медиуми се потсетија на тој ден по повод вчерашната објава на Хари и Меган. Леди Ди, која тогаш беше 22-годишна, изјави дека нема посебни желби дали да биде машко или девојче, додека друг весник во тоа време објави фотографија на 20-месечниот Вилијам, додавајќи дека забавата и неволјите би биле удвоени доколку биде уште еден син.
„Поранешни кралски традиции, астролози и обложувалници сугерираат дека Вилијам ќе добие сестра“, пишуваше тогаш „Дејли мирор“.
Хари и Меган вчера објавија црно-бела фотографија како седат под дрво, при што таа си го гали трудничкото стомаче. Тие го добија синот Арчи Харисон на 6 мај 2019, а убавата вест следува неколку месеци откако Меган откри дека имала спонтан абортус. Засега не е откриен полот на бебето.