Дали сте знаеле дека едно излегување на пијалок може да ве чини 1.000 калории, а за време на празниците калориите од aлкохолните пијалоци можат да се соберат многу лесно. Ова не значи дека треба да го смените вашето шардоне со овошен сок, туку едноставно да се информирате колку калории изнесува секој пијалок.
Маргарита
Традиционалната маргарита се состои од текила и сок од зелен лимон, но бармените честопати одат по најкраткиот пат, додавајќи калорични миксови. Поради овој додаток, обичната маргарита во суштина има околу пет кафени лажици шеќер. Препорачаната количина за дневно внесување шеќер е шест кафени лажици, така што со втората маргарита веќе сте ја надминале границата.
Џин и тоник
Не дозволете зборот „вода“ да ве измами. Тоникот е обично направен од пченкарен сируп, со високо ниво на фруктоза, истиот засладувач што се наоѓа и во кока-колата. Една лименка тоник се состои од осум кафени лажици шеќер.
Црвено вино
Обожавателите на виното можат да бидат спокојни, бидејќи тоа, сепак, има и позитивни ефекти. Антиоксидансите кои се присутни во црвеното вино можат да го зголемат нивото на „добриот“ холестерол и да превенираат собирање на холестеролот во артериите.
Мартини
Бидејќи класичното мартини е направено само од џин и вермут, тоа не содржи хранливи материи.
Имајте на ум дека е докажано дека сите видови на алкохол го зголемуваат ризикот за рак на дојка, дури и кога се конзумираат со умереност.
Бело вино
Чаша студено бело вино може да биде освежувачко за време на празниците, но изберете го видот многу внимателно. Сувите бели вина, како совињон или пино-гриџо, се со помалку шеќер. Благите варијанти, како ризлинг, можат да имаат околу 165 калории по порција.
Шампањско
Вашата најниско калорична опција e шампањското: една чаша изнесува само 84 калории. Ете една причина за да славиме!